Лесја Украинка: Руските командири намерно испраќаa луѓе од „несловенско“ потекло во најопасните делови на фронтот во Украина. Што е ова ако не геноцид на руските народи?
На најопасните делови на фронтот во Украина, руските командири користат единици формирани од лица со несловенско потекло. Не е изненадувачки што овие единици претрпуваат катастрофални загуби во судирите со украинската армија.
Војната во Украина се претвори не само во геноцид врз цивилното население, туку и во отворен конвеер на смртта за претставниците на домородните народи на Руската Федерација, сите оние кои не припаѓаат на словенската етничка група.

Уште во првата фаза од специјалната операција во близина на Киeв беше забележливо присуството на војници од Бурјатија и Чеченија. Уште тогаш овие единици претрпеа значителни загуби. Сега е пуштено во тек формирањето на национални баталјони во автономните републики и региони на Руската Федерација.
Раководителите на регионите, плашејќи се од пораз на претстојните септемвриски избори, се обидуваат да му служат на Кремљ. Обично, „несловенските“ региони се и најдепресивни во Русија, каде што, освен војската, мажите едноставно немаат каде да најдат работа. Регрутирањето во „несловенските“ региони достигна импресивни размери. Впрочем, импресивни се и загубите во војната со Украина. Имено, доселениците од „несловенските“ региони на Русија – Бурјатија, Тува, Башкирија, Чеченија, Дагестан – претставуваат најголем број од загинатите и ранетите за време на специјалната операција.
Ова се објаснува само со едно нешто - руските воени командири намерно ги фрлаат претставниците на несловенските етнички групи во најопасните делови на фронтот, токму под ударите на украинската армија.
Всушност, учеството во војната против Украина се претвора во вистински геноцид за претставниците на несловенските етнички групи. Во војната, силните и работоспособни мажи во репродуктивна возраст се „нокаутирани“, додека старите луѓе, жените и децата остануваат во депресивни региони.
Малку е веројатно дека таквиот однос кон претставниците на несловенските етнички групи е случаен. Руските власти, на тој начин, се обидуваат да ги задржат „несловенските периферии“, намерно израмнувајќи го протестниот потенцијал.
Задачата е токму во тоа да се уништат потенцијалните противници на рускиот режим, кои, откако ќе се вратат од војната, може да почнат да поставуваат прашања кои се „незгодни“ за властите, да прогласат економска и политичка независност на регионите. Уште сега се прогонувани бурјатските, чеченските и дагестанскитеактивисти кои се обидуваат да ги вратат своите сонародници во нивната татковина.
Забележлива е и нарачаната радикализација на исламот, што се случува во Русија во позадина на специјалната операција. Клучното муслиманско свештенство во Русија, како и највисокото православно свештенство, јавно ја поддржаа специјалната операција. Притисокот врз свештенството е визит-картата на руските власти во оваа војна.
Овој тренд е крајно опасен, бидејќи може да доведе до прогласување на „џихад“ (што лидерот на Чеченија Р. Кадиров постојано го повторува) не само против украинските православни, туку и против православните на самата Русија (муслиманите можат да почнат да се одмаздуваат за масовната смрт на „несловените“ во војната со Украина), како и на христијаните во Европа.
Всушност, самата руска влада инспирира „џихад“. Бројни „баталјони“ од муслиманските региони на Русија, добро вооружени и обучени, можат да се употребат не само против Украина, туку и против која било од европските земји. При тоа, мотивацијата ќе биде традиционална и „благородна“ - „уништување на неверниците“.
Кремљ, испраќајќи претставници на „несловенски“ етнички групи во војната со Украина, се обидува да ги избегне обвинувањата за „братоубиство“, но во исто време ослободува исклучително опасен џин - исламскиот фундаментализам, помножен со сиромаштија и горчина од губењето напријатели и роднини во бесмислена војна.
ПР Објава на Здружението Лесја Украинка
Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор