РУСКИТЕ ДЕЗЕТЕРИ КОИ ИЗБЕГАА ВО ГРУЗИЈА СВЕДОЧАТ: „Да се умре и да се убиваат други, и за што? Затоа решивме да избегаме“
Русите бегаат во соседна Грузија за да избегнат да бидат
повикани да се борат во војната со која не се согласуваат по наредбата на
рускиот претседател Владимир Путин да се мобилизираат стотици илјади резервисти
за конфликтот во Украина.
Во еден момент во неделата, за влез во соседната земја се чекало и 48 часа, при што повеќе од 3.000 возила чекаа да ја преминат границата, објавија руските државни медиуми, цитирајќи локални власти.
Грузискиот главен град Тбилиси веќе има прилив од околу 40.000 Руси откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари, според владините статистики.
„Кога дознавме за мобилизацијата, оставивме се дома и влеговме во автомобилот“, изјави Дмитриј Куриљунок за Ројтерс во Тбилиси.
Дмитриј, неговата сопруга Ирина и малата ќерка најпрво се возеле низ јужна Русија од Краснодар до Северен Кавказ, каде што многумина преминаа во Грузија. Таму ангажирале локален возач да ги превезе преку граничните премини и по 24 часа пристигнале во Тбилиси.
„Ние сме целосно против оваа војна. За нас, како и за другите, тоа е страшно. Да се умре и да се убиваат други, и за што? Не разбираме. Затоа решивме да избегаме“, рече тој.
Не е познат точниот број на луѓе кои ја напуштиле Русија откако Путин ја објави, како што рече, „делумна мобилизација“ минатата среда. Но, веќе има слика за значителен егзодус.
Сцени како оние на руско-грузиската граница се случија и на премините со Казахстан, Финска и Монголија. Русија не ги затвори границите, а граничарите главно ги пуштаа луѓето.
Летовите што поаѓаат од Москва до неколку земји кои одржуваат директни летови со Русија се или распродадени или имаат достапни само неколку билети по астрономски цени.
ФОТО: RadioFreeEurope/YouTube/Print Screen