Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските банки во опасност заради украинската криза

Руските банки во опасност заради украинската криза
Десетици милијарди долари од руските државни банки се во опасност заради нивната изложеност во кризната Украина. Тоа може дури и да ја загрози ликвидноста на одредени институции, предупреди американската агенција „Фич“. Изложеноста на руските банки кон Украина произлегува од кредитните пласмани издадени преку украинските филијали на овие банки. Вкупната изложеност на руските банки кон Украина се проценува на околу 28 милијарди долари, од кои најголем дел се во сопственост на руските државни банки. Затоа ризикот би можел да се прошири и на локалните компании и претприемачи. „Големата изложеност на руските банки на кризата во Украина може значително да ја загрози ликвидноста на одредени институции, особено ако кредитобарателите претрпат штета заради порастот на политички и економски тензии во земјата“, објаснуваат аналитичарите на „Фич“ Најизложена е руската државна развојна банка Вњешекономбанка, со изложеност од  огромни 74% од средствата кон Украина, и која веќе се соочува со опасност за нејзините украински подружници. Следна е Гаспромбанка, банката на државниот гигант Гаспром, со изложеност од 40%, потоа руската државна банка Вњешторгбанка со изложеност од најмалку 14%, а зад неа и најголемата руска банка, Сбербанка, со изложеност од 8%.
Слично

Поврзани вести