Рускиот волонтерски корпус ги повика вагнеровци во знак на одмазда да се борат на страната на Украина
Русите кои се борат на страната на Украина ги повикаа платениците на Вагнер да ја сменат страната и да се приклучат во нивните редови по авионската несреќа во средата во која загина нивниот шеф, Евгениј Пригожин.
„Сега сте соочени со сериозен избор – можете да застанете покрај руското Министерство за одбрана и да им служите како кучиња чувари на егзекуторите на вашите команданти или да се одмаздите“, рече командантот на рускиот волонтерски корпус, Денис Капустин.
Капустин, екстремно десничарски руски државјанин, ја основа вооружената група пред една година. Рускиот волонтерски корпус се бори на украинската страна и тврди дека стои зад неколку воени напади на руските погранични области. Тие упаѓаа на руска територија, држеа села под окупација, а имаше и жртви. Кога упаднаа на руска територија рекоа дека отишле таму за да го ослободат населението од режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а Украина најавува и враќање на Крим под своја контрола.
Слично
