Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот војник Шишимарин побара од Украинка да му прости затоа што го убил нејзиниот сопруг

Рускиот војник Шишимарин побара од Украинка да му прости затоа што го убил нејзиниот сопруг

Рускиот војник  Вадим Шишимарин на судењето во украинската престолнина побара прошка од вдовицата на 62 годишниот човек што го уби во Киев. 

Сопругата на убиениот, Катерина Шелипова  го праша 21-годишниот војник што чувствувал кога го убил нејзиниот сопруг Олександр и дали се покајал за злосторството.  Војникот ја признава вината. 

„Но, разбирам дека нема да можете да ми простите“, додаде тој.

Вчера, Катерина кажа дека навистина го сожалува, но не можела да му прости за ова злосторство. Таа ги слушнала истрелите кога е убиен нејзиниот сопруг, а потоа го видела наредникот Шишимарин низ нејзината порта со оружје.  Малку подоцна го нашла телото на Олександр на улица. Вадим Шишимарин пред судот изјави дека пукал во човекот додека тој и уште неколку руски војници се повлекувале и се обидувале да се приклучат на нивните единици во Русија. Војниците пронашле цивилен автомобил, „фолксваген“, кој го грабнале. Кажа дека друг војник му рекол да пука. 

„Почна да кажува со силен тон дека треба да пукам. Тој рече дека ќе предизвикам опасност ако не го направам тоа. Јас го застрелав од кратко растојание. Тоа го уби“, кажа војникот. 

Кремљ во текот на вчерашниот ден соопшти дека нема информации за случајот.

Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.  Во Украина загинале повеќе од 3.700 цивили.  Преговорите меѓу двете земји засега се блокирани. 

Слично

Поврзани вести