Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот тајкун Јевтушенков пуштен од домашен притвор

Рускиот тајкун Јевтушенков пуштен од домашен притвор
Рускиот милијардер, Владимир Јевтушенков, кој е обвинет за перење пари, наводно пуштен е од домашен притвор само неколку часа пред годишната прес – конференција на претседателот Владимир Путин. Адвокатот на рускиот тајкун, Владимир Козин, денеска ја потврдил ваквата информација, пренесе агенсијата „Интерфакс“. Агенцијата „АП“ потсетува дека рускиот претседател за време на прес – конференцијата минатата година соопштил дека ќе биде ослободен тајкунот Михаил Ходорковски. Јевтушенков, од септември се наоѓа во куќен притвор откако претходно му беше ставена електронска ракавица. Тој е осомничен за перење пари и кражба на акции од претпријатија кои влегуваат во енергетскиот комплекс „Башњефт“ кој од минатиот месец е во државна сопственост. „АП“ пренесува дека вредноста на овие акции од утринава пораснала за повеќе од 30 отсто на московската берза. Јевтушенков, според американското списание „Форбс“ е 15 – ти најбогат Русин за имот кој се проценува на девет милијарди долари.  
Слично

Поврзани вести