Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот совет на федерации го одобри користењето на вооружени сили во Сирија

Рускиот совет на федерации го одобри користењето на вооружени сили во Сирија

Рускиот совет на федерацијата го одобри барањето на претседателот Путин за испраќање на војници зад граница. Паралелно со ова сирискиот претседател Башар Асад побарал воена помош од Москва, соопштил началникот на кремљската администрација Сергеј Иванов.

Предлогот беше усвоен со мнозинство - 162 гласа „за“.

Иванов дополнил дека ќе бидат употребени само воздухопловни сили. Според него, претседателот на Сирија Башар Асад се обратил кон Русија со барање за помош против „Исламската држава“.

Иванов нагласил дека воената цел на операциите е засилување на сириските вооружени сили во нивната борба против „Исламската држава“.

Иванов ја бранел усвоената одлука од сенаторите со потребата од заштита на националните интереси на Русија. Според Кремљ, станува збор за руски војници кои ќе ја обучуваат сириската армија да ја користи новата борбена техника и авијација. Засега нема детали каква помош побарал сирискиот претседател - војници или ново вооружување.

Претходниот пат кога рускиот претседател побарал од парламентот да го одобри испраќањето на руски војници зад граница беше во март минатата година. Малку потоа полуостровот Крим беше присоединет кон руската федерација.

Слично

Поврзани вести