Рускиот производител на камиони „Камаз“ го зголеми профитот за 11,1%
Рускиот производител на камиони „Камаз“, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, го зголемила својот профит за 11,1%, односно, тој изнесува 2,43 милијарди рубљи (57 милиони евра).
Како што пренесува „Finmarket.ru“, приходите на компанијата се намалени за 2,2 проценти, на 53,52 милијарди рубли, од 54,72 милијарди рубљи во првата половина на 2012 година.
„Профитот пред оданочувањето е зголемен за 11,9 проценти и достигна 3,2 милијарди рубљи, во однос на 2,86 милијарди рубљи во првата половина од минатата година. Трошоците на компанијата се намалени за 2,3 проценти, на 45,93 милијарди рубљи во споредба со 47-те милијарди рубљи од минатата година“ - се наведува во извештајот на „Камаз“.
Слично
