РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ ПОВИКА НА ПРИМИРЈЕ - Прекин на огнот за Божиќ
Патријархот на Русија, Кирил повика на Божиќно примирје, се вели во поканата објавена на веб-страницата на Руската православна црква.
- Апелирам до сите страни во меѓусебниот конфликт за прекин на огнот на 6 и 7 јануари за православните христијани да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на денот на Рождеството Христово - е наведено на нивната веб страна.
Поглаварот на Руската православна црква на крајот на декември изјави дека влегувањето на Русија во непријателствата во Донбас е резултат на нејзините мировни напори кои биле саботирани од властите во Киев и западните земји. Тој призна дека со длабока болка гледа на она што се случува, но, според него, вината за распадот на конфликтот е пред се кај оние кои „поставиле цел да го уништат единството на Света Русија, единството на нашиот народ и нашата вера“.
Руското Министерство за надворешни работи истакна дека нема ни збор за прекин на непријателствата на страната на Украина, во Киев се решени да го ескалираат конфликтот. Претседателскиот портпарол Дмитриј Песков исто така изјави дека од украинските власти не пристигнале предлози за новогодишно примирје.
