Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот опозиционер Навални е отруен - тврди германската Воена лабораторија

Рускиот опозиционер Навални е отруен - тврди германската Воена лабораторија

Навални е отруен со воен нервен отров, потврди германската влада. Според Воената лабораторија на Германија, водечкиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални е отруен со воен нервен агенс од групата новичок.

„Со дозвола на Универзитетската болница Шарита, специјалната лабораторија на Федералната армија, спроведе тестирање на примероците од Алексеј Навални. Така, присуството на воен отров од групата новичок е несомнено утврдено“, изјавија од германската влада.

Сопругата на Навални и лекарите се информирани за резултатите од тестовите, а рускиот амбасадор во Берлин ќе биде информиран за ова. Тие исто така наведоа дека ќе ги информираат своите партнери во ЕУ и НАТО и ќе се договорат за дополнителни чекори со нив, стои во соопштението.

Навални се наоѓа во болница во Берлин, каде што се уште е во кома.

Слично

Поврзани вести