Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот ловец на корумпирани фатен со поткуп од 120 милиони долари

Рускиот ловец на корумпирани фатен со поткуп од 120 милиони долари

Дмитриј Захарченко првиот антикорупционер на Русија е фатен со неверојатни 120 милиони долари во кеш кои биле пронајдени во неговиот стан и автомобил. Шефот на Агенцијата за борба со корупцијата во стопанството е обвинет за масовна корупција и руските власти спроведуваат истрага кој се бил дел од оваа шема на мито и поткуп. Парите биле спакувани во картонски кутии и во најлонски вреќи.

rusija-pronevera

„Борбата против корупцијата е сложен и тежок процес“ - истакна Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ по приведувањето на Захарченко.

Русија е во фаза на откривање на голем број на корупциски скандали каде државни функционери и олигарски блиски до раководството на Владимир Путин се осомничени за проневера на буџетски пари, како и црни пари од бизнисот. Дел од нив беа обелодените и во Документите од Панама со оф-шор банкарски сметки.

Слично

Поврзани вести