Рускиот „ѓаволски проект“ ги плашеше Германците, сега им е спас
„Северен тек два“ за германската канцеларка Ангела Меркел во почетокот претставувал „ѓаволски проект“ на Москва.
Меѓутоа, како велат, денес токму таа е голем заговорник на тој гасовод, со кој дури 70 отсто од рускиот гас ќе доаѓа во Германија.
Многу европски партнери на Германија се навредени со тоа што Берлин „отворено го поддржува бизнисот на рускиот претседател Владимир Путин“-проектот на гасоводот „Северен тек два“ пишува неделникот Шпигел.
После изградбата на гасоводот, огромна количина руски гас за ЕУ ќе стигнува директно, обиколувајќи ги притоа Полска, Украина и балтичките земји.
Изградбата на „Северен тек два“ ја реализира компанијата „Норд стрим 2“-заедничка фирма на рускиот концерн „Гаспром“ и германските енергеткси компании „BASF“ и “Uniper”.
Меркел не се откажува од проектот и поради тоа што САД во последно време го зголемија притисокот на ЕВропа.
