Рускиот генерал Суровикин објасни зошто ги повлекуваат војниците од Херсон
Рускиот генерал Сергеј Суровикин за руската телевизија oбјасни зошто ги повлекуваат руските војници од Херсон во Украина.
Тој изјави дека веќе не е можно да се снабдува Херсон и предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Дњепар.
„Ќе ги спасиме животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици. Залудно е нивното држење на десниот (западниот) брег. Некои од нив може да се користат на други фронтови“, изјави Суровикин.
Официјален Киев потоа објави дека во оваа фаза не гледа „никаков знак“ за повлекување на руските сили од Херсон, најголемиот град окупиран од Русите од почетокот на инвазијата.
„Не гледаме знаци дека Русија го напушта Херсон без борба. Дел од руските војници останаа во градот“, рече Михаило Подољак, советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тој ги критикуваше изјавите од Москва. Денеска е 259-ти ден од почетокот на руската инвазија на Украина.
