Рускиот гас во Кина ќе потече како река
Испораките на руски гас во Кина ќе почнат на 20 декември 2019 година, соопшти пред новинарите шефот на Гаспром Алексеј Милер.
„Потпишан е договор меѓу Гаспром и нашите кинески партнери CNPC за датумот на испорака за гас по гасоводот „Сила Сибир“-20 декември 2019 година“, рекол тој.
Според зборовите на Милер, Русија и Кина ја одредиле количината на испорака и рокови за реализација на проектот за испораки на рускиот гас од подрачјето на Далечниот исток во Кина.
„Денес на маргините на преговорите со нашите кинески партнери разговаравме за потпишување на главните услови за испораки на руски гас од подрачјето на Далечниот исток до крајот на 2017 година а денес во рамки на овие преговори веќе е одредена и количината и роковите на реализација на таков проект“, рекол Милер.
