Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот гас добива сериозна конкуренција во Европа

Рускиот гас добива сериозна конкуренција во Европа
Течниот нафтен гас од САД кон крајот на деценијата ќе му конкурира на рускиот гас на пазарот во Европа, очекуваат познавачите. Светското поризводство на ТНГ ќе се дуплира на 600 милиони тони во 2018 година благодарејки на новите претпријатија во САД, Австралија, Источна Африка, Русија и Канада. Во третото тромесечје на оваа година со работа ќе започнат компаниите Ексон мобајл во Папуа – Нова Гвинеја, а кон крајот на годината и БГ груп во Австралија, пренесува Ројтерс. Најголемиот дел од австралискиот и ТНГ од африка ќе се продава на пазарите во Азија, но гасот од САД ќе биде пласиран во Европа. Според прогнозите на директорот на Коноко, потребите на Европа за увоз на гас ќе расте во согласност до трошењето на сопствените залихи, а американскиот ТНГ ќе овозможи да се задоволи зголемената потрошувачка. Постои можност да се појави и голем расчекор помеѓу понудата и побарувачката во европа. Познавачите на пазарот проценуваат дека до 2025 година тој расчекор ќе биде 25 милијарди бубни метри дневно, што е високо ниво. САД во меѓувреме брзо го зголемуваат производството на гас и предлагаат изградба на десетици терминали за извоз, од кои дел би требало да започнат со испорака на гас во Европа веќе во 2015 година. На тој начин рускиот гас од гасоводот може во Европа да добие конкуренција од гасот од САД, а можеби дури и од Источна Африка.
Слично

Поврзани вести