Рускиот бизнисмен Олег Тинков бара Западот да го запре масакрот во Украина
Не гледам никаква корист од оваа луда војна, вели рускиот бизнисмен и богаташ Олег Тинков.
Тој се спротивстави на рускиот напад на Украина и вели дека сите поддржувачи се морони.
„Невини луѓе и војници умираат. Генералите кои се разбудиле од мамурлак сфатиле дека имаат вооружена војска. Сервилност?“, напиша Тинков на Инстаграм.
Тој тврди дека мнозинството Руси се против војната, и бара Западот да му даде јасен излез на рускиот претседател Владимир Путин. Вели дека 90 отсто од Русите се против војната.
„Ве молам бидете порационални и похуманитарни“, се Тинков до Западот.
Од нив бара да го спречат овој како што го нарече масакр. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Санкции има за Русија, но и за руските бизнисмени.
