Рускиот авион урнат поради ефтина нафта: На синот на Ердоган му сметало што Русија бомбардира цистерни
Руските медиуми денес шпекулираат дека причина за уривање на нивниот авион од страна на Турците е ефтината нафта која Исламска држава ја транспортира во таа земја а со која наводно тргува и синот на турскиот претседател.
Медиумите објавија дека Билал Ердоган, синот на турскиот претседател, наводно е поврзан со терористите на Исламска држава и дека се занимава со трговија на нафта која преку нив влегува во Турција. Имено, се наведува дека проблемот настанал кога Русите почнале да бомбардираат цистерни кои превезуваат нафта што ја поседува ИСИС.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Sirun_1/status/666962897893990402?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На интернет кружи и фотографија од Билал Ердоган, на која позира со водачите на Исламска држава а директорот на Центарот за стратешки конјуктури Иван Коновалов изјавил дека Турција намерно ја спречува операцијата на руската војска токму поради ефтината нафта.
Инаку, медиумите претходно објавуваа и дека Ердогановата ќерка Сумеј претходно и се придружила на Исламска држава и дека работела како медицинска сестра која помагала во лекување на нивните борци.
