РУСКИОТ АМБАСАДОР ТВРДИ: Еден од пилотите е убиен, другиот успеал да им побегне на џихадистите!
Еден од двајцата руски пилоти, кои се катапултираа од воениот авион кој синоќа го собори Турција, понајден е од страна на сириската војска, изјавил рускиот амбасадор Александар Орлов.
Во соопштението на рускиот амбасадор, се наведува дека пилотот бил повреден.
Инаку него го пронашла сириската војска кој сега го води во руската база во Сирија.
„Наводно еден од пилотите е убиен од страна на џихадистите, додека другиот успеал да побегне. Според последните информации, тој се наоѓа во рацете на сириската војска“, изјавил амбасадорот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Europe1/status/669423308539076608?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Генералштабот на руската војста објави синоќа дека еден од пилотите е убиен од автоматско оруже на земја откако авионот е соборен, додека за другиот пилот не дадоа никакви податоци.
Турција синоќа наутро урна руски воен авион на границата со Сирија затоа што, како што тврди турската војска, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција иако на повеќе пати бил предупредуван, додека руското министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.
