Руски војник оддал информации за Украинците да ја нападнат Црноморската флота?
Се појавија информации дека Русин оддал информации за да можат Украинците да ја нападнат Црноморската флота во Севастопол.
Портпаролот на Партизанското движење на Украинците и Кримските Татари изјави за „Киев пост“ дека руски војник дал информации на Украина за да може да ја нападне Црноморската флота.
Украина во средата наутро ја нападна Црноморската флота во Севастопол и уништи еден брод и една подморница, а како што тврди портпаролот на партизанското движење на Украинците и Кримските Татари, руски војник дал на Украина информации за позицијата на руската морнарица. Нападот се случил во раните утрински часови кога десантниот брод „Минск“ како и подморницата „Ростов на Дон“ биле тешко оштетени.
„Тој ги имаше најновите информации за позицијата и борбените мисии на подморницата Ростов на Дон“, изјави портпаролот на Партизанското движење на Украинците и Кримските Татари.
На социјалните мрежи се прикажува вознемирувачко видео од погубување воен заробеник во Украина. Наводно, како што пренесуваат медиумите во регионот, прикажани се војници на една од завојуваните страни, кои ги принудуваат затворениците да влезат во минско поле под закана со оружје.
Украина ослободи село на 10 километри од Бахмут.