Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски војници раскажаа дека дел од нив сакаат да се откажат од војување, но не им дозволуваат

Руски војници раскажаа дека дел од нив сакаат да се откажат од војување, но не им дозволуваат

Се појавија информации дека руски војници одбиле да се борат. Припадниците на 64-та мото-стрелачка бригада на руските вооружени сили изјавија за истражувачкиот портал iStories дека 700 професионални војници се обиделе да ја напуштат службата, но дека нивните претпоставени не им го дозволиле тоа.

Војниците контактирале со iStories откако тој портал објавил разговори со војници кои убиле цивили и краделе од нив во украинското село Андриивки во близина на Киев на 15 август, пренесува „Медуза“.

Дваесет и едногодишниот Даниил Фролкин рекол дека командантот му наредил да убие цивил и дека тоа го направил.  Друг војник рече дека 80 отсто од бригадата сака да го напушти воениот рок, но претпоставените не им го дозволуваат тоа.

И претходно се појавуваа информации во одредени медиуми дека руските војници се со низок морал и не сакаат да војуваат. Но, Русија ретко објавува податоци за тоа  колку луѓе им загинаа во Украина. Неколку руски војници се осудени во Украина за извршени воени злосторства над цивили. 

Војната почна на 24 февруари, но се смета дека е можно долго да трае. 

foto reuters/PAVEL MIKHEYEV

Слично

Поврзани вести