Руски војници презедоа украински граничен објект – САД поддржуваат напад на НАТО
Руски војници денеска ја презедоа контролата врз украински граничен објект во западниот дел на Крим, соопшти портпаролот на граничната воена служба, Олех Слободјан.
30 луѓе се блокирани во базата во Черноморское, која рано изутринава била преземена од Русите без ниту еден истрел.
Според Слободјан, руските сили моментно контролираат 11 гранични објекти на Кримскиот полуостров.
Во меѓу време Американската војска најави дека е подготвена да го поддржи НАТО доколку ескалира кризата во Украина, потврди претседателот на Советот на Генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Мартин Демпси.
Американските дипломати деноноќно прават напори за наоѓање решение за кризата во врска со евентуалното присоединување на Крим кон Русија.
- Се обидуваме да и кажеме на Русија да не ги ескалира уште повеќе работите во Украина и да создаде услови за некакво решение на Крим. Но од воен аспект испративме порака до нашите сојузници од НАТО, истакна Демпси.
Тој предупреди дека „ако на Русија и биде дозволено да влезе во една суверена земја под образложение дека ги штити етничките Руси во Украина, тоа ќе ја изложи Источна Европа на огромен ризик, бидејќи етнички енклави има во цела Источна Европа и на Балканот“.
Слично
