Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски војници на суд признаа дека од Белгород гаѓале цели во Харков

Руски војници на суд признаа дека од Белгород  гаѓале цели во Харков

Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства. 

Тие ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на земјата.  За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“. Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.

Судот во Украина претходно пресуди доживотен затвор за рускиот командант на тенк за убиство на цивил на првото судење за воени злосторства по инвазијата.

Заробениот војник, Вадим Шишимарин беше осуден за убиство на Олександр Шелипов (62) во североисточното село Чупахивка на 28 февруари.

Слично

Поврзани вести