Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски шахист и Маск се скараа за Украина, а паднаа и „тешки“ зборови

Руски шахист и Маск се скараа за Украина, а паднаа и „тешки“ зборови

Рускиот шахист Гари Каспаров и милијардерот Илон Маск се скараа поради војната во Украина. Тие имаат различни ставови за ставање крај на војната. 

Несогласувањата почнаа со интервјуто на шаховскиот велемајстор за CNBC.

„Трошоците се огромни, но Украина ја плаќа цената. Зошто луѓето кои живеат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина им кажуваат на Украинците како да ги водат своите работи. Ова е морален идиотизам и геополитичко слепило“, вели познатиот шахист, кој се приклучил на американската телевизиска програма додека зад него бил натпис „Слава на Украина“.

На ова тврдење Маск му одговори на Русинот на Твитер.

„Иако е вистина дека Каспаров е речиси исто толку добар во играње шах како мојот iPhone, тој е идиот во секој друг поглед. Јас дури и не поседувам куќа, а камоли „замок““, напиша Маск на својот профил на Твитер.

Space X, кој е во сопственост на Илон Маск, ќе продолжи да го финансира Starlink сателитски интернет во Украина. Маск најави дека ќе прекине, но потоа го смени мислењето. Инаку, Маск даде предлог како да се стави крај на војната, но доби критики. Тој предложи Крим да остане на Русија, во окупираните територии да се одржат референдуми кои ќе бидат мониторирани и народот да одлучи дали сака да се спои со Русија, а Украина да не влезе во НАТО, односно да биде воено неутрална. 

Слично

Поврзани вести