Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски разузнавачи тврдат - Доказите за соборениот патнички авион се лажни

Руски разузнавачи тврдат - Доказите за соборениот патнички авион се лажни

Денес официјалната меѓународна истрага потврди дека патничкиот авион МХ17 бил срушен од руска ракета што ги потврди сомнежите дека руските бунтовници гаѓале со Бук ракетен систем земја воздух пред две години за време на судирите во Источна Украина. 

Сепак, руското министерство за надворешни работи врз база на разузнавачки информации тврди дека истражителите биле под влијание на украинските власти и ја фабрикувале целата приказна со лажни докази. 

„Русија од старт препорача да се води заедничка истрага која ќе се базира само на факти. Главен проблем на меѓународната комисија е што користи извори од украински власти кои имаат свои скриени мотиви и никогаш не ги земаа во обзир доказите обезбедени од Русија, посочи Марија Закарова од руското министерство за надворешни работи.


Слично

Поврзани вести