Руски проект на векот – ДНК Ноева арка
Универзитетот Ломоносов во Москва од државниот фонд за наука доби највисок износ досега кој е одобрен со цел да се реализира проектот кој предвидува собирање на „ДНК“ примероци од сите живи, но и изумрени суштества со што би се создала првата светска база на генетски материјал од овој тип.
„Проектот го нарековме Ноева арка. Целта е да создадеме база на податоци во која ќе бидат архивирани гени од целокупниот зив свет на нашата планета, вклучувајќи ги живите видови, видовите во изумирање како и достапен материјал од веќе изумрени суштества. Тоа е најголемата задача која си ја зададовме себеси“, истакнал ректорот Виктор Садивнич пред новинарите.
„Генетската арка“ би требало да биде завршена до 2018 година, ќе биде изградена во универзитетскиот кампус, а одобрениот буџет за ваквиот потфат е една милијарда рубљи, односно околу 195 милиони долари.
„Арката ќе ни овозможи да замрзнеме и чуваме најразлични материјали, кои подоцна ќе бидеме во можност да ги репродуцираме“, истакнал ректорот.
Проектот во првата етапа планира собирање на материјал од сите природни музеи во земјата, а сите катедри на Ломоносов ќе бидат вклучени во негова реализација. Во програмата особено е регулирано учеството на најмладата генерација руски научници.
„Банката со материјали ќе биде директно поврзана со најголемиот универзитет во земјата, а можно е тоа да биде случај и со универзитетите од странство. Доколку ја оствариме нашата замисла, ова ќе биде голем чекор за Русија, која ќе стане прва земја во историјата која ќе создаде Ноева арка“, рекол ректорот.
Слично
