Руски пратеник: Заробувањето на Мадуро е параван, целта е контрола на нафтените наоѓалишта
Пратеникот на Државната дума од Кримската област и член на Комитетот за безбедност, Михаил Шеремет, изјави дека американската операција за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е само параван, додека главната цел е преземање контрола врз нафтените резерви на земјата.
„Во Венецуела повторно ја видовме американската демократија во акција. Заробувањето на Мадуро е само параван. Убеден сум дека главната цел е целосна контрола врз богатите нафтени наоѓалишта во Венецуела, со цел потоа да се контролираат цените на енергијата во светот“, изјави Шеремет.
Вели дека САД сега ќе се обидат да го „преобликуваат“ слободољубивиот народ на Венецуела според сопствените стандарди.
„Не се сомневам дека САД ќе се обидат да доведат на власт во Венецуела еден поткуплив комичар. Претходно, руското Министерство за надворешни работи објави дека доколку претседателот на Венецуела и неговата сопруга навистина бидат насилно отстранети од земјата, тоа би претставувало неприфатлив напад врз суверенитетот на Венецуела, чие почитување е клучен принцип на меѓународното право., како што некогаш беше направено во Украина“, додаде Шеремет.
САД вчера ја нападнаа Венецуела и го заробија Мадуро на кого ќе му се суди за трговија со дрога.foto freepik.com
