Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски политичар вели дека по Украина, следни се балтичките држави

Руски политичар вели дека по Украина, следни се балтичките држави

Доколку Украина „падне“, балтичките држави ќе бидат следните, изјави рускиот опозициски политичар Михаил Касјанов, кој беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година. Тој беше прв премиер на претседателот Владимир Путин. Касјанов е уверен дека Путин на крајот ќе биде заменет со „квази-наследник“. 

Касјанов вели дека на почетокот не верувал дека Путин навистина ќе почне војна во целосен обем против Украина. Тој за француската новинска агенција АФП, во видео-интервју објавено на 13 јуни, кажа дека сфатил дека ќе има војна кога го видел состанокот на Советот за безбедност свикан само три дена пред да започне инвазијата на 24 февруари. Тој додава дека исходот од војната што Москва ја започна против Украина, ќе ја одреди иднината на Русија. Повеќе земји се плашат од прелевање на конфликтот. 

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност и поранешен претседател на Русија, вели дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“ и со тоа ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина.

foto AFP

Слично

Поврзани вести