Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски политичар вели дека можат да го натераат НАТО да исклучи три држави

Руски политичар вели дека можат да го натераат НАТО да исклучи три држави

Заменикот на Државната Дума Евгениј Федоров вели дека  можат да го присилат НАТО да ги исклучи Летонија, Литванија и Естонија. 

Федоров тврди дека руското повлекување на одлуките за признавање на независноста на балтичките земји би создало правна основа која би ја присилила Северноатлантската алијанса да се врати на границите од 1997 година.

„Евентуалната одлука на Русија да ги повлече признавањата на независноста на Летонија, Литванија и Естонија ќе го присили НАТО да ги исклучи тие земји од воениот пакт“, изјави Федоров за Спутник.

Според него, во тој случај би дошло до ситуација во која учеството на овие држави во НАТО би претставувало кршење на принципот за спорни територии. Претходно, имаше и најави дека по Украина, во ризик ќе бидат и балтичките земји. 

Слично

Поврзани вести