РУСКИ ПЛАН: За две години можеме да го отфрлиме доларот!
На Русија би и биле потребни две-три години за да почне сите свои меѓународни обврски да ги подмирува во рубљи, вели првиот човек на втората по големина руска банка.
Претседателот на банката ВТБ Андреј Костин вели дека за овој период можат да се покренат сите потребни механизми и дека единствено прашање е колку банките се подготвени да го преземат ризикот, бидејќи актуелното политичко раководство би поддржало таков потег.
Костин за оваа мерка се залага веќе десет години, па руските медиуми тврдат дека неговата изјава не е директно поврзана со одоговр на официјална Москва кон санкциите од САД и ЕУ.
„Не најдов на разбирање за ова прашање со претходното раководство на Централната банка пред 10 години. Тие веруваа дека, со оглед на тоа што доларот ја вршеше работата, не треба да правиме ништо и дека исплатата во рубљи само ќе носи непотребен ризик. Но, со новото раководство, ставот на Централната банка се промени и мислам дека сме на пат да го направиме првиот голем чекор“, вели Костин.
Истовремено, САД и ЕУ расправаат за заострување на санкциите кон Русија, воведени заради кризата во Украина, а едн аод мерките би можела да биде и исклучување на оваа земја од глобалниот СВИФТ систем за меѓународен трансфер на пари.
„Тоа би била точка без враќање и секој понатамошен дијалог ќе биде невозможен ако тоа се случи. Не знам како Западот може да очекува да ни го блокира СВИФТ, а да очекува да добие поддршка во борбата против тероризмот или нуклеарното разоружување. Ако го погледнете Иран, СВИФТ се гаси кога ќе пропаднат сите останати односи - политички, економски, културни и дипломатски“, вели Костин.
Тој сепак не смета дека ваквиот чекор би и нанел голема штета на Русија, затоа што земјата веќе имала разработен резервен систем „на кој може да се префрли во секој момент“.
Слично
