Руски олигарси на мета на американското СЈО
Специјалниот јавен обвинител Роберт Мулер таргетирал тројца руски олигарси со цел да ги испраша за руското влијание за време на американските избори во 2016 година кога победи Доналд Трамп.
Двајца руски моќни бизнисмени биле испрашувани кога нивните приватни авиони слетале во САД, а на еден од нив му биле претресени и сите електронски уреди.
Исто така тимот на специјалниот обвинител Мулер испратило барање до трет руски богаташ за достава на документи, како и да се појави на испрашување во САД, што најверојатно тешко ќе биде прифатено, па можно е дури да се распише и потерница преку Интерпол, објави CNN.
Слично
