Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИ ОДГОВОР ЗА АМЕРИКА: Ракетни системи „Триумф“ и „Панцир – С1“ наскоро на Арктикот

РУСКИ ОДГОВОР ЗА АМЕРИКА: Ракетни системи „Триумф“ и „Панцир – С1“ наскоро на Арктикот
Русија наредната година во областите на поларниот круг кои влегуваат во територијата на Арктикот ќе формира полк за противвоздушна одбрана составен од ракетни системи „С – 400 – Триумф“, а подоцна планирано е стационирање и на ракетни артилериски постројки „Панцир С1“. Овие системи ќе бидат поставени во Баренцовото море на рускиот остров „Нова Земја“ соопштија руските медиуми повикувајќи се на извори од воениот ресор на Русија. Планирано е и да биде формира уште една ракетна постројка „Панцир – С1“ која наводно ќе биде распоредена на некој од аеродромите на Арктикот. Воените аналитичари сметаат дека сето ова е резултат на рускиот одговор по однос на американската програма „Молњевит глобален напад“. Овој американски план предвидува пренесување оружје, со употреба на хиперсонични возила, за еден час, до било која точка на Земјината топка.
Слично

Поврзани вести