Руски нуклеарни бомбардери го прелетаа Пацификот
Како ретко кога руската авијација успеа да изведе долг лет на два Туполев 95МС нуклеарни бомбардери кои имаа тест мисија прелетувајќи го јужниот дел на Пацификот.
Стратешките бомбардери кои може да се опремат со нуклеарен арсенал успешно го поминаа тропскиот предел, а персоналот според информации на руското министерство за одбрана добро го пондел летот.
Два Туполев авиони во вторник полетаа од воздушната база Украинка во истичниот регион Амур до Виак базата во Индонезија лоцирана на најистичната провинција Папуа. Потоа слетале и два Туполев 95с авиони во патролна мисија како и за достава на гориво и залихи. На Запад авионите се познати како „Мечки“ и се голема грижа за Пентагон поради одличниот транспортен капацитет и нивната мобилност.
Оваа нуклеарна вежба доаѓа по се поострите тонови меѓу САД и Северна Кореја кои си се закануваат со напад со нуклеарно оружје и не помогаат дипломатските напори за спуштање на тензиите. Токму затоа Москва најави дека ќе стори се за да ги заштити своите национални интереси, а преку ваква вежба покажа доволно моќ пред меѓународнит фактор.
