Руски нобеловец ја стави на аукција Нобеловата награда за да им помогне на бегалците од Украина
Рускиот новинар Дмитри Муратов ја продава Нобеловата награда за да им помогне на украинските бегалци.
Тој е главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“, и денеска изјави дека Нобеловата награда за мир што ја доби минатата година ќе ја стави на аукција за да собере фонд за помош на украинските бегалци, јавува Ројтерс.
Муратов и „Новаја газета“ во нивното соопштение повикуваат и на пет итни мерки што треба да се имплементираат во Украина – прекин на огнот, размена на воени заробеници, враќање на загинатите војници во нивната матична земја, создавање на хуманитарни коридори и помош на бегалците.
Инаку, „Новаја газета“ како последен критички настроен весник во Русија, од почетокот на март го избегнува известувањето за војната и руската инвазија на Украина поради воспоставената цензура и заканите за кривично гонење.
Во Украина има неколку милиони внатрешно раселени лица.
Според Обединетите Нации(ОН), бегалците од Украина се близу 3,5 милиони луѓе.
foto Reuters
