Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски научник тврди дека Спутник В е ефикасен против британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој

Руски научник тврди дека Спутник В е ефикасен против британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој

Директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеј“, Александар Гинцбург вели дека руската вакцина Спутник В е ефикасна против повеќе соеви. 

Ова важи за британските, јужноафриканските и бразилските соеви. 

„Можеме со сигурност да кажеме дека Спутник В обезбедува заштита од добро познати соеви кои во моментот се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал“, рече Гинцбург за рускиот ТВ канал Еден.

Рускиот научник кажа дека не може да има целосна гаранција дека вакцината ќе обезбеди заштита од сите соеви кои можат да се појават во иднина.

За сибирскиот сој САРС-КоВ-2, Гинцбург изјави дека центарот „Гамалеј“ не го проучувал.

Во светот веќе се применуваат неколку вакцини против коронавирусот, а допрва се тестираат и се работи на нови вакцини и лекови кои би го заштитиле населението од вирусот. 

Слично

Поврзани вести