Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИ НАУЧНИК ПРЕДУПРЕДУВА: Дури 20 отсто од оздравените имаат недоволно антитела

РУСКИ НАУЧНИК ПРЕДУПРЕДУВА: Дури 20 отсто од оздравените имаат недоволно антитела

Директорот на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинсбург, изјавил дека околу 20 лица кои прележале Коввид-19 имаат недоволно ниво на антитела, пренесува српски „Новости“.

„Според сегашните статистички податоци собрани од нашите кинески колеги врз основа на прилично репрезентативен примерок, до 20% од закрепнатите пациенти немаат доволно ниво на антитела. Тоа е прилично голем број на луѓе“, изјавил Гинсбург за каналот YouTube на Соловиев во живо.

Според ТАСС, тој истакнал дека докажано е оти имунизацијата е клучна против Ковид-19 и дека луѓето треба да се вакцинираат доколку имаат ниско ниво на заштитни антитела.

Директорот на Институтот „Гамалеја“ повторил дека според студијата во фаза 3, спроведена на повеќе од 30.000 волонтери, нивната вакцина Спутник V може да заштити од коронавирусни инфекции во 91,6 проценти од случаите, а во 100 проценти од случаите штити од хоспитализација или со други зборови од тешка форма на болеста и затоа е неопходна вакцинација.


Слично

Поврзани вести