РУСКИ НАПАД ВО КРИВИ РИХ: Бројот на жртви се зголеми, загинаа и деца
Руските сили вчера извршија напад на украинскиот град Криви Рих, а бројот на жртви расте.
„Бројот на загинати се искачи на 18, од кои девет се деца, а 56 лица се повредени“, соопшти претседателот на Советот за одбрана на Криви Рог, Александар Вилкул, пренесува Укринформ.
Информацијата ја потврди шефот на Регионалната државна управа на Дњепропетровск Сергеј Лисак.
Украинските власти кажаа дека ова покажува дека Русија не сака мир.
„Сите руски ветувања завршуваат со проектили, беспилотни летала, бомби или артилерија. За нив дипломатијата е празен збор“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години.
foto EPA
Слично
