РУСКИ НАПАД НА КРАМАТОРСК: Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно момче
Има тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно момче, при руско бомбардирање денеска на Краматорск.
„Седуммина се ранети во руско бомбардирање на украинскиот град Краматорск“, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин.
Повредените лица се на возраст од 20 до 85 години. Според информациите од локалните власти, руските сили фрлиле тешка авиобомба врз градот, при што се оштетени неколку повеќекатни станбени згради.
Руската инвазија на Украина влезе во петтата година.
foto Anadolu Русский
Слично
