Руски мултимилионер кој ја критикуваше војната на Путин паднал од прозорец и починал
Уште еден критичар на рускиот претседател Владимир Путин доживеа мистериозна смрт.
Мултимилионерот Павел Антов бил на патување во Индија кога загинал во хотелот. Тој ја крикуваше војната на Путин во Украина. Рускиот генерален конзул во Калкута Алексеј Идамкин изјави за Тaсс дека „паднал“ од прозорецот на хотелот во Рајагада, државата Одиша.
Антов од главната про-путинска партија Обединета Русија, бил на патување за да го прослави својот претстојниот 66-ти роденден. Еден пријател од неговата партија почина „од срцев удар“ во четвртокот минатата недела, а богатиот политичар загина два дена подоцна. Повеќе бизнисмени и критичари на Путин загинаа под сомнителни околности, откако почна војната во Украина.
Слично
