Руски милијардер го донира кошаркарскиот НБА тим во добротворни цели
Адвокатите на рускиот милијардер Михаил Прохоров работат по прашањето за пренос на контролниот пакет акции на кошаркарскиот тим од NBA, Бруклин Нетс на добротворниот "Фонд за културни иницијативи " или на една од руските компании на милијардерот политичар , пишува весникот " Известија".
Според познавачите , милијардерот нема намера да се лиши од тимот , но присуството на странски средства ги попречува неговите политички амбиции. Прохоров има намера да се кандидира за градската Дума на Москва , откако поради поседување на тимот не можеше да учествува во градоначалничките избори .
На овој начин, Прохоров оди по стапките на сопственикот на " Анжи " Сулејман Керимов , кој исто така ги пренесе странските средства во добротворниот фонд кога влезе во политиката.
На прес-службата на Прохоров потврдија дека сопственикот на " Бруклин Нетс " ќе биде сменет , но тимот не се продава и ќе продолжи да е контролиран од милијардерот . Тие сметаат дека во договорот нема ништо нелегално .
Бруклин Нетс е деветтиот најскап тим во NBA и оваа година Михаил Прохоров плаќа рекорден "данок на луксуз", бидејќи платите во тимот го надминаа таванот од 71 милиони долари. Вкупните трошоци за плати на играчи и за данокот ќе бидат околу 185 милиони долари, што ќе му донесе на Прохоров загуба од околу 50 милиони долари.
Слично
