Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски медиуми објавија дека Зеленски избегал, тој се јави во живо од улиците на Киев

Руски медиуми објавија дека Зеленски избегал, тој се јави во живо од улиците на Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави видео од улиците на главниот град Киев за да докаже дека не побегнал од државата. 

„Сите сме тука. Ние ја штитиме нашата независност, нашата држава. И ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече тој, опкружен со клучните советници и премиерот.

Руски медиуми објавија дека тој побегнал во странство. 

Зеленски можеби нема да биде жив во следните 48 часа, вели бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Објасни дека лидерите на Европската Унија биле шокирани по последниот видеоповик со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати како да се збогува со нив.  Вели дека тоа бил емотивен разговор. 

Веќе втор ден има борбени дејствија во Украина. Русија вчера рано наутро ја нападна Украина. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести