Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски ловец „прочеша“ американски шпионски авион

Руски ловец „прочеша“ американски шпионски авион

Руски „Сухој“ пресретнал американски шпионски авион и според информациите на Руското министерство за одбрана го испратил надвор од областа на Црното море на мирен и безбеден начин.

Рускиот „СУ-27“ премногу се доближил до EP-3 Aries авионот за надзор на американската морнарица и го „прочешал“, реагираат од САД тврдејќи дека маневрот бил непријателски и опасен, за разлика од изјавата на руското министерство за одбрана.

Американската армија тврди дека во изминатиот период нивните летала се соочуваат со голем број на провокации од страна на руските пилоти кои важат за едни од најлудите и вршат многу опасни маневри и прелети, како на пример многу ниско летање над американските морнарички бродови, кои за милиметар може да предизвикаат тежок воен инцидент. 

Летовите над Црното море, особено во близина на Крим како територија која се припои кон Русија во 2014 значително се зголемени, а присутни се и НАТО и силите на Русија, па мора многу да се внимава на правилата на интернационалниот воздушен простор. 

Слично

Поврзани вести