Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИ КАНТАВТОР ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ И ПОЧИНА: Ja критикуваше инвазијата на Украина

РУСКИ КАНТАВТОР ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ И ПОЧИНА: Ja критикуваше инвазијата на Украина

Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, кантавторот Вадим Стројкин, паднал од прозорец и починал. 

Тој е познат по јавните критики за војната во Украина. Почина откако падна од прозорец при рација во неговиот стан, објави организацијата за човекови права ОВД-Инфо. Стројкин починал на лице место, пренесува независниот руски портал Медуза.

Според извештаите на руските медиуми, полицијата го посетила домот на Стројкин како дел од истрагата за наводното финансирање на украинската војска.

Според Телеграмскиот канал Mash on Moike, Стројкин побарал да отиде во друга просторија за време на испрашувањето, каде потоа го отворил прозорецот и скокнал.

„Во текот на истрагата, човекот нашол изговор да отиде во друга просторија, каде брзо го отворил прозорецот и презел неповратна акција“, рекол истиот извор, сугерирајќи дека се работи за самоубиство.

Стројкин претходно јавно ја осуди инвазијата на Украина, а во 2022 година објави порака на социјалната мрежа ВКонтакте во која отворено се спротивстави на војната што ја започна Кремљ.

Повеќе јавни личности кои ја критикуваа руската инвазија на Украина починаа под сомнителни околности. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести