РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Украинците да не подлегнуваат на провокациите на киевскиот режим кој неконтролирано им дели оружје
Руското Министерство за одбрана соопшти дека учеството на цивили во одбраната на Украина ќе доведе до несреќи и жртви.
„Дистрибуирањето оружје на цивилите неизбежно ќе доведе до несреќи и жртви“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Конашенков, критикувајќи ја украинската влада.
„Националистичкиот режим во Киев масовно и неконтролирано дистрибуира автоматско мало оружје, фрлачи на гранати и муниција на жителите на украинските населби. Вклучувањето на цивилното население во Украина од националистите неизбежно ќе доведе до несреќи и жртви“, рече Конашенков.
Тој повтори дека Украинците распоредуваат тешка артилерија во цивилни области. „Нашите податоци го евидентираат распоредувањето на ракетни и артилериски единици од страна на украинските националисти во станбени области на Киев и други градови.
„Ги повикуваме Украинците да не подлегнуваат на провокациите на режимот во Киев“
„Го повикуваме народот на Украина да биде свесен за тоа, да не подлегнува на овие провокации на режимот во Киев и да не се изложуваат себеси и своите најблиски на непотребно страдање“, рече Конашенков.
Си-Ен-Ен пишува дека тврдењата на Русија дека не напаѓаат цивилна инфраструктура се неточни и дека анализирале снимки, фотографии и сателитски снимки кои потврдуваат дека Русите во неколку наврати ги погодиле густо населените области.
