Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски генерал e пронајден мртов

Руски генерал e пронајден мртов

Руски генерал, клучен човек за хемиско оружје е пронајден мртов. 

Генерал полковник Станислав Петров, поранешен командант на руските сили за радијациона, хемиска и биолошка заштита (RCBP), почина во Москва, во она што се верува дека е самоубиство, објави „Москва тајмс“. Телото на 87-годишниот пензиониран генерал го пронашле роднини рано наутро на 2 април во неговиот стан во познатата Куќа на насипот, објави „Јунајтед24 медиа“.

Петров бил пронајден како седи на стол во кујната, а полициски извори потврдиле за руските државни медиуми дека е пронајден пиштол до неговото тело. Медицински извор им рекол на руските државни медиуми дека генералот неодамна бил сериозно болен.

Петров бил високо почитувана воена фигура и еден од основачите на современите руски сили за хемиска одбрана. Тој беше последен командант на советските сили за хемиска одбрана од 1989 до 1992 година, а потоа ги предводеше новоформираните сили на Руската РКБП до 2001 година.

Слично

Поврзани вести