Руски Газпром бара седум милијарди долари оштета од Украина
„Газпром“ побара од Украина да му исплати седум милијарди долари отштета, поради непридржување кон договорот за количеството на купен гас од компанијата.
Според податоците на рускиот нафтен гигант, количеството на увезениот гас е помал од она што Украина е должна да го купи според важечките договори.
Во односите на „Газпром“ со Украина важи принципот земи или плати, според кој Киев е должен да плати за целиот договорен гас, без разлика дали ќе го увезе, пишуваат руските медиуми.
Слично
