Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски функционер се закани дека Полска е следна за денацификација

Руски функционер се закани дека Полска е следна за денацификација

Нови закани има од Русија, овој пат насочени кон Полска. 

Рускиот пратеник во Државната Дума, Олег Морозов ѝ се закани на Полска откако руските власти во петокот ги блокираа сметките на полската амбасада. Морозов на неговиот профил на Телеграм кажа дека Полска треба да биде следна во редот за денацификација по Украина. Морозов е дел од партијата Единствена Русија на Владимир Путин, а изјавата доаѓа по провокативниот коментар од Полска, кој напиша дека Русија е канцероген тумор.

Русија откако ја почна инвазијата на Украина, се закани на многу земји, на оние кои за нив воведоа санкции, а ја поддржуваат Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести