Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИ ЕКСПЕРТ: Дури и да го убиете Ким Џонг Ун ништо нема да решите

РУСКИ ЕКСПЕРТ: Дури и да го убиете Ким Џонг Ун ништо нема да решите

Сеул обучува специјалци, во случај ако Пјонгјанг почне војна да можат да го убијат северно корејскиот лидер, Ким Џонг Ун. 

Дали тоа би значело крај на Северна Кореја?

Рускиот експерт Георги Толораја, вели дека иако јапонските медиуми пишуваат за некаков атентат на Ким Џонг Ун, тоа не вреди ниту да се чита. 

Додава дека медиумите пишуваат трачеви и дека досега 20 пати го „погребаа“ Ким Џонг Ун. 

Повеќе пати медиумите пишуваа за државен удар во Северна Кореја. 

Според експертот, тајните служби на САД, Северна Кореја и Јапонија го покренаа прашањето дали навистина проблемот со Северна Кореја ќе се реши со ликвидација на Џонг Ун. 

„Тој тренд продолжува дури и кога станува збор за син му“ - вели тој. 

Толораја вели дека планови за ликвидација има, но дури и тоа да се случи, тоа нема да биде крај за Северна Кореја. 

Слично

Поврзани вести