Руски дрон падна во Романија
Руски дрон падна во Романија.
Делови од руски дрон се пронајдени во југоисточниот дел на земјата, во градот Галац, по ноќен напад врз соседна Украина, при што се оштетени електричен столб и помошен објект во близина на куќа, соопшти романското Министерство за одбрана.
Во инцидентот нема повредени, но ова е првпат да биде предизвикана материјална штета на романска територија, иако и претходно фрагменти од дронови паѓале во Романија.
Од Министерството за одбрана остро ги осудија, како што наведуваат, „неодговорните постапки“ на Русија, оценувајќи дека тие претставуваат сериозен предизвик за регионалната безбедност и стабилност во Црноморскиот регион.
Романија, која е членка на НАТО и на Европската унија, има 650 километри долга граница со Украина.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
foto printskrin youtube
