Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски бродови спремни за напад, нова офанзива за уништување на џихадистите

Руски бродови спремни за напад, нова офанзива за уништување на џихадистите

Русија планира водена, копнена и воздушна офанзива во Сирија, најави началникот на Главното оперативно управување и заменик-началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, Андреј Картаполов.

Руското воено министерство ќе создаде воена база во Сирија за борба против борците на ИСИС.

Според него, вооружените формации на терористичката група “Исламска држава” бројат околу 50 илјади луѓе.

Џихадистите  во Сирија ги напуштаат своите позиции и се обидуваат да се сокријат во тешко достапни предели, пештери или се кријат во џамии и болници, се мешаат со мирните жители, вели рускиот генерал.

Од почетокот на руската операција во оваа земја, со воздушни напади се уништени 380 објекти на Исламската држава.

Според генералот, со руските воздушни напади, терористичката организација претрпела многу сериозни загуби.

Слично

Поврзани вести