Руски борбени авиони влегле во воздушниот простор на САД, ги пресретнале Американци и Канаѓани
Шест руски борбени авиони од типот MiG 35, вчера влегле во „идентификуваната зона на воздушната одбрана“ на САД.
Во близина на Алјаска ги пресретнале американски и кададски борбени авионо, соопштуваат американски претставници.
Иако руските авиони и порано влегувале во оваа зона, ова е „прв пат за долго време“ борбените авиони да поминат низ оваа област, рекол за АФП неименуван претставник.
Руските авиони ја напуштиле областа без инциденти, додава изворот.
Да потсетиме, и Шведска вчера го пренесе протестот на Русија поради влегувањето на два руски борбени авиони во воздушниот простор на таа земја, соопштило шведското Министерство за надворешни работи.
Слично
